Грција од 15 јуни ќе се отвори за странски туристи, на кои нема да им бара тест за влез во земјата, ниту ќе ги праќа во карантин, соопштија тамошните власти.
Ќе се тестираат случајни туристи, според тамошните протоколи.
Освен овие олеснителни околности за туристите интересно ќе биде да се види какви ќе бидат и цените за летување таму, имајќи го во предвид фактот дека Грција е една од омилените дестинации и за Македонците.
Имено, грчките власти најавија најавија намалување на ДДВ-то за превозот, за кафето и безалкохолните пијалаци и на туристичките пакети, што би требало да се одрази на финалните цени на овие производи и услуги.
Дали грчките туристички работници и транспортните компании ќе се одлучат за намалување на цените, за задржување на цените од минатата сезона или за нивно покачување останува да видиме.
Според информации кои еМагазин ги доби од наши туристички агенции, намалувањето на ДДВ-то најверојатно нивните партнери во Грција ќе го искористат за да се задржат цените од минатата сезона, односно да се направи баланс за новите трошоци на хотелите и сместувачките капацити, кои произлегуваат од новите протоколи за превенција од коронавирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали: Без тест и карантин од 15 јуни Грција ги отвара вратите за туристите од Балканот
Грција ќе ги тестира туристите по случаен избор
(Фото) Тие што ќе патуваат со брод во Грција треба да пополнат прашалник за Ковид-19