Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2020 година изнесувала 26.422 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 7,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: образование (12,2 отсто), трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11,2) и преработувачка индустрија (9,8 проценти).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,6 отсто), уметност, забава и рекреација (15,4) и стручни, научни и технички дејности (9,9).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали: Нови услови за мерката 14.500 денари субвенции за плати во стопанството
Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите го загубија првото место