еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 37 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје и Куманово

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37  нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-4 и Охрид-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.978, во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

Последната дистрибуција по градови е Скопје – 713, активни 199, Куманово – 433, активни 34, Дебар – 51, активни 0, Штип-40, активни 5, Прилеп –210, активни 48, Тетово – 172, активни 77, Струга – 75, активни 8, Велес – 127, активни 43, Битола –28, активни 7, Охрид –23, активни 8, Кавадарци – 5, активни 0 , Гостивар –21, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 1, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 0, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) , Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 1, Свети Николе-1, активни 1.

“Направените 508 теста се преку: Институт за јавно здравје –266, Ветеринарен факултет -21, Авицена –24, Биотек -44, Филип Втори (Жан Митрев) –5, Систина со PCR метода -31  и МАНУ -117.

Досега во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања на Kовид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи. Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје.

Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања на ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на Ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 58 пациенти. На кислородна поддршка се 24, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 18 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, еден пациент во тешка состојба е пратен на инфективната клиника во Скопје. На домашно лекување се следат уште 4 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  42 пациенти, позитивни и сомнителни на Kовид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Изминатото деноноќие нема регистрирано починати од корона вирусот

Убава вест: Оздравени уште 11 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.422

Фото: Факултет за ветеринарна медицина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ковачевски во Минхен за првпат се сретна со Мицотакис

Редакција

Државна ревизија изразува резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Министерството за финансии за 2021 година

Редакција

Патријархот Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот акт за примање на ОА во богослужбено и канонско единство

Редакција