еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На респиратор девет пациенти заразени од корона вирусот, уште шестмина во потешка состојба

Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се тројца нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 54 пациенти од кои на кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се 3 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се шест пациенти, a со потешка клиничка слика се уште шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште четворица пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани седум пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент.

На инфективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Регистрирани 21 нов случај на заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Убава вест: Оздравени 17 лица кои боледуваа од корона вирусот

Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат, ќе се провлекува се додека има такви кои го ингнорираат, порачува Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

43-годишен маж пронајден починат во Спортско рекреативниот центар Сарај

Редакција

Изводливо ли е технички во карантин да одат само Чаир, Сарај, Гази Баба и Аеродром

Редакција

„Титаник“ на СЈО одложен поради здравствени проблеми на обвинет

Редакција