еМагазин
Image default
Македонија

Во Велес денеска двајца оздравени од Ковид-19, четвртти ден нема регистрирано новозаболени

Според податоците од ЈЗУ Центар за јавно здавје во Велес денеска има двајца оздравени од Ковид-19 кои биле на домашно лекување.

Инаку, во градот веќе четвртти ден нема новорегистриран со Ковид-19 или од 21-ви мај кога бројката беше 127 заболени. Во моментот, од нив активни се 41 случаи.

Во Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница во Велес, како што информира за МИА, Весна Неделковска Николова моментално на лекување се 19 пациенти, од кои кај 18 е потврдено присуството на Ковид-19, а еден чека резултат од тест.

Градоначалникот Аце Коцевски на прес-конференцијата во петокот апелираше до граѓаните и покрај тоа што последниве денови нема новорегистрирани со Ковид-19, тие сепак премногу да не се опуштааат и да бидат претпазливи. Да носат задолжителна заштитна опрема маски за лице и без групирања и држење на растојание од два метри, а се со цел да го заштитат сопственото и здравјето на останатите граѓани.

МИА/Фото: Општина Велес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три нови случаи во Штип: Две текстилни работнички од иста конфекција и еден лекар заразени со корона вирусот

Регистрирани 21 нов случај на заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје

На респиратор девет пациенти заразени од корона вирусот, уште шестмина во потешка состојба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

883 нови случаи на Ковид-19 од 2.827 тестирања, најмногу во Скопје 153

Редакција

80% од новите случаи и 84% од хоспитализираните со Ковид-19, се невакцинирани

Редакција

Жените на СДСМ на 9. март ќе маршираат за 8. Март: Зошто не се приклучија на маршот за правата на жените, па да ги слушнат барањата

Редакција