еМагазин
Image default
Свет

(Видео) Руски ловци еден час се „закачија“ за американски воен авион над Средоземното Море

Еден час траела воздушната опсада над воен авион од патролата на американската морнарица на Средоземното Море од страна на два борбени ловци на Русија.

„Третпат за два месеца, руски пилоти вчера летаа на небезбеден и непрофесионален начин за време на пресретнувањето на авионот Посејдон П-8А на поморската патрола на американската морнарица на Шестата флота“, се наведува во соопштението од морнарицата.

Пресретнувањето било небезбедно и непрофесионално поради тоа што руските пилоти симултано се приближиле до крилата на авионот П-8А, со што го ограничиле безбедното маневрирање на авионот.

Пентагон на 15 април пријави дека руски авион Су-35 пресретнал американски авион Посејдон П-8А над Медитеранот. Американската морнарица и тогаш наведе дека пресретнувањето било небезбедно.

МИА/Фото/Видео: Drive/Youtube/USNI news video

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Независни експерти на СЗО: Пандемијата на Ковид-19 e „Чернобил на 21 век“ и можеше да се избегне

Редакција

Студија: Луѓето кои носат очила имаат помал ризик да се заразат со Ковид-19

Редакција

ЕУ ја обвини Русија за кризата со храна, рускиот претставник во Советот за безбедност на ОН ја напушти седницата

Редакција