еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Еден од новопочинатите од корона вирусот со претходни заболувања, двајца имале контакт со потврден случај

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга на 58- годишна возраст и пациент од Скопје на 47-годишна возраст и двајцата долго време поставени на механичка вентилација, информираа вчера од Министерството за здравство.

Во ГОБ  „8 септември“ пак почина пациент од Тетово на 41-годишна возраст, хоспитализиран на 19 мај.

Детали за починатите соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Пријавени се 3 смртни случаи. Случаите се на возраст од 41-58 години, сите хоспитализирани со присутни симптоми.

Случаите биле хоспитализиран во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале.

Еден од случаите имал пропратни коморбидитети (хронична/здравствени состојби,н.з.), а два имале контакт со потврден случај.

Починатите се без историја на патување“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Вкупната бројка на до сега починати од корона вирусот е 119.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Бутел шест, двајца во Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот

Повеќе жени, 14 лица имале контакт со потврден случај, детали за новите случаи на заразени со Ковид-19

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За првпат дојава за бомба и во скопско основно училиште

Редакција

(Фото) Пендаровски со сопругата и синот подготвуваа храна за бездомни и социјално загрозени лица

Редакција

(Видео) Величенствена глетка на Охридското и Преспанското езеро од Галичица

Редакција