Од вчерашните 14 новозаболени во Скопје, шест се во Бутел, два во Чаир, еден во Карпош, Кисела Вода, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Арачиново, изјави директорот на Институтот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери во „Топ тема“ на телевизија Телма.
Вели дека има заболени во речиси сите скопски општини, но добрата вест, според него, е тоа што сите се поврзани со некој веќе претходно потврден случај.
– На пример, ако се сеќавате имаше дури 20 од едно исто семејство во Сингелиќ, имавме 9 од исто семејство во Чаир. Имаме од сите општини, но добрата вест е, јас би рекол, тоа што сите се веќе поврзани или со некој претходно дијагностициран којшто е позитивен. Значи, сите се нивни контакти, рече Зибери.
ПОВРЗАН И ВЕСТИ
Фото: Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.