еМагазин
Image default
Македонија

МВР поднесува пријави за учесниците во литијата во Струга

Лицата учесници во литијата во Струга се повикуваат на информативен разговор и им се поднесуваат соодветни поднесоци од јавното обвинителство, информира денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Секторот за внатрешни работи во Охрид работи во координација со јавното обвинителство, се идентификуваат лицата, повикуваат, се поднесуваат кривични пријави и соодветни поднесоци во обвинителството.

Се вршат и разговори со началникот на одделението за внатрешни работи во Струга и Охрид, со дежурните инспектори на терен и униформираните припадници на полицијата, вклучително и со одделот за неуниформирана полиција, така што, кога ќе биде комплетирана цела постапка, штом биде комплетирана постапката ќе ја информирам јавноста“, вели Чулев.

Тој додаде дека штом биде комплетирана постапката ќе ја информира јавноста.

МИА/Фото: Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лица кои учествувале на литијата во Струга имале белодробен наод кој одговара на Ковид-19

Обвинителството отвори предмет за масовното присуство на граѓани на Литијата во Струга

Литијата пример за двојни аршини: Со кој памет драги стружани?

(ВИДЕО) Во време на пандемија, стотици верници по улиците на Струга за традиционалната литија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев-Радев: Посетата е значаен исчекор во дијалогот помеѓу двете држави

Редакција

Нови 1.082 случаи на Ковид-19, во Скопје 406

Редакција

Големо жариште на корона вирусот е Скопје и делумно Тетово, другите региони се стабилни

Редакција