Во Кичево е регистриран првиот случај на заразен од Ковид-19. Тој е во стабилна здраствена состојба и се наоѓа на домашно лекување. Уште осум лица се сместени во самоизолација, информира градоначалникот Фатмир Дехари на денешната седница на Советот на општината.
Во дебатата за состојбата со пандемијата на локално ниво, Дехари кажа дека се преземени сите потребни мерки за заштита од коронавирусот, но за жал потврден е првиот случај во општината.
До денеска се тестирани вкупно 43 лица и 63 вработени кои беа вклучени во скринингот во градинката.
Дехари најави дека првиот регистриран случај уште повеќе ќе ја зголеми претпазливоста и покрај ублажување на мерките од страна на Владата.
МИА/Фото: Кабинет на претседателот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмногу во Бутел, Сарај, Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот
Од корона вирусот починаа тројца пациенти, вкупната бројка изнесува 122
Oд корона вирусот почина првиот здравствен работник во Македонија