еМагазин
Image default
Бизнис

Нема да има присилна наплата за даночни долгови доспеани во мај и јуни

Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка со која се пропишува даночниот орган да не издава решенија за присилна наплата кон даночните обврзници за даночните долгови кои се доспеани во месеците мај и јуни, како и за останатите даночни долгови за кои не е поведена постапка за присилна наплата до моментот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила.

-Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за да се овозможи зајакнување на сигурноста и одржливоста при поддршката на компаниите кои претрпеле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид-19 усвоени од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Со истата се пропишува даночниот орган да не издава решенија за присилна наплата кон даночните обврзници за даночните долгови кои се доспеани во месеците мај и јуни како и за останатите даночни долгови за кои не е поведена постапка за присилна наплата до моментот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила, информира владината прес-служба.

На оваа седница е изменета и дополнета Уредбата со законска сила за примена на Законот за стечај за време на вонредна состојба, со која се регулира примената на Законот за стечај за време на траењето на вонредната состојба, при што е уредено дека наместо да важи три месеци по престанувањето на вонредната состојба, истата да се применува до 30 јуни 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осигурениците нема да плаќаат партиципација за здравствени услуги поврзани со Ковид-19

Владата се задолжи 160 милиони евра кај ЕУ за справување со последиците од пандемијата со корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Живко Мукаетов купи 500 акции од „Алкалоид“

Редакција

Во април раст на каматните стапки на депозите и кредитите

Редакција

Кирил Колемишевски си поднесе оставка од Надзорниот одбор на „Аутомакедонија“

Редакција