еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Пет и пол месечната Ана по успешно изведена ретка интервенција си замина дома

Неколку дена по направената исклучително ретка интервенција на малата Ана, таа денеска си замина дома, информираат од Клиниката „Жан Митрев“.

„На ова мало пет и пол месечно бебенце и е изведена процедура која исклучително ретко се прави во светот, а ова е прва направена во нашата држава. Истата е привилегија на високо развиени центри во кои што се изведува напредната педијатриска кардиохирургија и перкутани интервенции на вродените срцеви мани.

Оваа интервенција се надеваме ќе биде само почеток на се’ поголемиот број на хибридни процедури како резултат на тимска работа меѓу кардиохирурзите и интервентните кардиолози“, велат од Клиниката.

Оттаму додаваат дека ваквите интервенции носат минимален стрес на пациентите со максимален ефект.

„Хируршкото затворање на овие дефекти е сложено заради локализацијата и ризикот од екстракорпоралната циркулација кај доенче со висок пулмонален притисок. Од друга страна затворањето преку нога на вакви големи дефекти кај мали доенчиња е невозможно, поради употребата на големи катетри кои може да ги оштетат крвните садови на ногата.

Затоа во договор со тимот беше одлучено да се направи хибридна процедура. Во операциона сала најпрво беше отворена десната комора а потоа под ехо контрола пласиран краток катетер во левата комора на срцето.

Потоа преку истиот беше пласиран дивајс-протеза и затворен дефектот. Ехо контролата покажа уредна поставеност на протезата и затворен дефектот“, соопшти Клиниката.

По успешно направената хибридна интервенција Ана замина дома

Неколку дена по направената исклучително ретка интервенција на малата Ана, таа денеска си замина дома. На ова мало пет и пол месечно бебенци и беше изведена една од ретките процедури кои исклучително ретко се прават во светот, а ова е прва направена во нашата држава. Истата е привилегија на високо развиени центри во кои што се изведува напредната педијатриска кардиохирургија и перкутани интервенции на вродените срцеви мани.Оваа интервенција се надеваме ќе биде само почеток на се’ поголемиот број на хибридни процедури како резултат на тимска работа меѓу кардиохирурзите и интервентните кардиолози.Ваквите интервенции носат минимален стрес на пациентите со максимален ефект.Хируршкото затворање на овие дефекти е сложено заради локализацијата и ризикот од екстракорпоралната циркулација кај доенче со висок пулмонален притисок. Од друга страна затворањето преку нога на вакви големи дефекти кај мали доенчиња е невозможно, поради употребата на големи катетри кои може да ги оштетат крвните садови на ногата.Затоа во договор со тимот беше одлучено да се направи хибридна процедура.Во операциона сала најпрво беше отворена десната комора а потоа под ехо контрола пласиран краток катетер во левата комора на срцето.Потоа преку истиот беше пласиран дивајс-протеза и затворен дефектот. Ехо контролата покажа уредна поставеност на протезата и затворен дефектот.

Posted by ZAN MITREV on Понеделник, 01 јуни 2020

 

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Балкан Енерџи склучи рамковна спогодба со РКМ вредна 39,2 милиони евра

Редакција

40-годишна докторка загина во сообраќајка

Редакција

(Мапа) Најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Македонска Каменица и Велес

Редакција