еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Виз ер“ ја продолжува суспензијата на летовите од и до Македонија до 14 јуни

„Виз ер“ денеска најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Македонија, авиокомпанијата ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 14 јуни.

„Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.

120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air.

Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака.

Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.

Wizz Air искрено се извинува за непријатностите со кои патниците се соочуваат како резултат на забраните за патување и ги уверува своите патници дека сигурноста и добро-состојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет,“ информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

Македонија да се оценува исклучиво според резултатот, без нови пречки и политички барања, порача Ковачевски од Виена

Редакција

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде уценето

Редакција