еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во потешка состојба 42 пациенти заболени од корона вирусот

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 62 пациенти заболени од корона вирусот, информира Министерството за здравство.

Од нив 27 се потешко болни и на кислородна поддршка.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Позитивни на корона вирусот девет лица вработени во градинките во Кочани

Детален преглед: Чаир доминира меѓу скопските општини по бројот на активни случаи на заразени од корона вирусот

Стружанка на 53 години и прилепчанец на 80 години починаа од корона вирусот

Нови 111 случаи на заразени од корона вирусот, од кои 63 во Скопје

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За сега единствен „виновен“ за бегството на Груевски е Орбан, наскоро ќе биде и Путин

Редакција

Одлични резултати на „Алкалоид“: Добивка од 14 милиони евра и 212 нови вработувања

Редакција

Ковачевски му ја предаде премиерската функција на Џафери

Редакција