еМагазин
Image default
Македонија

11 нови случаи со Ковид-19 во Матејче, еден во Куманово, еден пациент починат

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа регистрира 12 новозаразени со Ковид-19, од кои 11 се од липковското село Матејче, а еден е од Куманово, информираше денеска директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи.

Тој посочи дека еден пациент од Куманово на 74-годишна возраст починал на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје.

Новозаболените од Матејче се од познат кластер, пошироко семејство, појасни доктор Љатифи и додаде дека меѓу нив има и четири деца на возраст од 10, 12, 15 и 17 години, сите асимптоматски.

– Денеска е извршено тестирање на 20 лица од општина Липково и на 30 лица од општина Куманово. Тестовите се направени по „Мој термин“, согласно епидемиолошки индикации и контролни тестови, додаде Љатифи.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во потешка состојба 45 пациенти заразени од корона вирусот

Детален преглед: Чаир доминира меѓу скопските општини со 192 активни случаи на корона вирусот

Убава вест: Ниту еден позитивен на корона вирусот од 80 теста во скопските градинки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 163 случаи на заболени од корона вирусот од 1.636 тестирања, најголем број во Скопје, Куманово и Штип

Редакција

Нема старт на преговорите со ЕУ: Блокадата од Бугарија за Македонија останува

Редакција

Заев и Вучиќ ќе се сретнат на Табановце

Редакција