еМагазин
Image default
Македонија

Крушево со два случаја на заразени по подолго време, имале контакти со блиски од друг град

Нема место за паника, се преземаат сите мерки за заштита, велат од крушевската локална самоуправа по констатираните два нови случаја на заразени од коронавирусот по повеќе од еден месец.

Ова се први два нови активни случаја по подолго време во Крушево. Со почетокот на пандемијата имаше тројца заболени, од кои еден почина, а двајца се излекувани.

Според епидемиологот Татијана Мургоска-Станимировиќ од Центарот за јавно здравје-Прилеп, двајцата новозаболени се од едно семејство.

– Двајцата имале контакт со нивни блиски од друг град, позитивни на Ковид-19. Изолирани се сите контакти на новозаразените од Крушево, рече Мургоска-Станимировиќ.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски уверува дека нема место за паника, се преземаат сите мерки и апелира да нема јавни собири.

– Општинскиот штаб за заштита и спасување заедно со крушевската полиција и со здравствениот дом во Крушево ги преземаат сите превентивни мерки и активно работат на почитување на препораките и задолженијата дадени од Владата.

Ги повикувам сите да се воздржат од јавни настапи на социјалните мрежи кои можат да создадат непотребна паника кај граѓаните. Во овој момент гласот од здравствените власти треба да биде најгласен, порача Христоски.

Локалната самоуправа на Крушево стои на располагање за каква било помош.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет новозаболени од корона вирусот во кумановско, од кои двајца здравствени работници

Во Кичево два нови случаи со корона вирусот

Неносењето заштитни маски причина за ширење на вирусот меѓу работничките во новата штипска конфекција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Панел-дискусија: Македонија не смее да подржи преговарачки процес со ЕУ, кој ќе стане основа на разнебитување на нашата државност

Редакција

Убава вест: Оздравени 32 пациенти од Ковид-19

Редакција

Вчера вакцина примиле 7.518 граѓани, вкупно 703.878 се ревакцинирани

Редакција