еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото/видео) Борисов снимен во спална, а покрај него пиштол, евра и злато

Бугарскиот медиум Афера.бг објави фотографии од анонимен автор од спалната соба на бугарскиот премиер Бојко Борисов во премиерската резиденција.

На едната фотографија се гледа како Борисов спие.

На другата се гледа натказна покрај креветот на која има пиштол, а во фиоката евра и злато.

По објавувањето на фотографиите Борисов одржа прес-конференција на која обвини дека зад овие снимки, кои според него се направени од дрон, стои бугарскиот претседател Румен Радев.

Тој посочи дека противниците го напаѓаат со компромитирачки материјали за да го спречат во две важни цели кои треба да се постигнат во јули – влез на Бугарија во банкарската унија и во еврозоната.

„Јас сум слободна личност, водам нормален живот. Целта е да не уништат ментално, а потоа и да не нападнат физички. Загрижен сум затоа што кога спијам, сум беспомошен“, рече Борисов.

Борисов не ја негираше автентичноста на фотографијата на која се гледа како спие, но ги спори предметите од другата фотографија и за нивната автентичност рече дека треба да се почека вештачењето.

„Човек има свој личен простор. Како може да дојдат да ме снимаат? Можеле да ме снимаат и како ‘рчам, ако го правам тоа воопшто. Од каде да знам дали го правам. А, ако се откриев?… Ова ли е демократијата која ја сакавме? Немам ли право да си легнам, да си спијам, а и слатко си спиев“, рече тој на прес-конференцијата.

Случајот ќе го истражува Јавното обвинителство.

Фото: Фејсбук/Борисов/Афера.бг/Видео: You tube/Sebastian Ivanov

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 14 лица од Ковид 19, од нив тројца во вонболнички услови

Редакција

Две лица уапсени за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски, Обвинителството побара притвор

Редакција

Почна судењето: Мухамед Зеќири не се чувствува виновен, Обвинителството тврди дека ќе го докаже обвинението

Редакција