еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски ja потврди автентичноста на новата „бомба“: Од еден разговор монтирани се парчиња по потреба на СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја потврдува автентичноста на разговорот меѓу него и и Зоран Милески – Кичеец, што денеска беше објавен на Јутјуб, оценувајќи дека се работи за монтажа на актуелната власт.

„Тоа е само еден разговор, а се сечат и монтираат парчиња по потреба на СДСМ и Зоран Заев, мислат дека тоа ќе помогне нешто во нивната кампања за намалување на дебаклот што им следи.

Јас сум го кажал тоа и во разговорот, дека кога ја преземав ВМРО-ДПМНЕ пред точно 30 месеци, партијата беше во незавидна финансиска ситуација, со блокиран имот од истата онаа судијка Димишкова која е сестра на оној адвокат Димишков, кој го слушавме како бара шест милиони евра од познат бизнисмен за да биде ослободен од притвор.

Да, во тој момент имавме сериозни потешкотии, нешто слично претпоставувам како што ќе ја затекнеме државата после 15 јули. Останатиот дел од разговорот сум го коментирал и во минатото дека мора да има правда и право, но она вистинско, а не онакво какво што му одговара на СДСМ и Зоран Заев“, истакна Мицковски.

Тој вели дека забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за работата на СЈО не значеле барање начин Орце Камчев да се спаси од обвиненијата.

„ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се противело на работата на Специјалното јавно обвинителство, но и во минатото и сега ќе повторам, кога тоа беше оперативно имаше сериозни индиции за злупотреба и политичко влијание. Тоа се потврди преку она „Луј Витон“ куферче, преку оние разговори што минатото лето јавноста можеше да ги види.

Всушност се потврдува на секојдневна основа дека еден од осудените во случајот „Рекет“ доби смртни закани, при што неговиот адвокат ги пренесе во јавноста, дека треба да молчи и да не кажува многу.

Она што ние го знаеме, а се шушка гласно во кулоарите на Обвинителството, е дека Бојан Јовановски поднел неколку десетици кривични пријави против највисокото раководство на СДСМ и многу видни членови за злоупотреба, измама, криминал и корупција.

Сепак, Обвинителството, вакво какво што е предводено од Вилма Русковска, тоа нема да го дозволи, истакна Мицкоски.

МИА/Фото: Фејсбук/Мицкоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Аудио) Нова „бомба“ со Мицкоски: Бизнисмен му помагал кога му било најтешко

Ќе има ли „нуклеарки“ или само „димни бомби“ до крајот на кампањата?

(Аудио) Објавени две нови „бомби“: Како се извлекувале милиони од Македонија

(Аудио) „Рекет“ објави нова „бомба“ со Мицкоски и Кичеец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се враќа осумчасовното работно време во Владата и министерствата

Редакција

(Видео) Владимир Путин се нурна во ледена вода за Водици

Редакција

Бројот на луѓе што користат дроги е зголемен за 23%, велат од ОН

Редакција