еМагазин
Image default
Македонија

Еролд Муслиу: Не се исчезнати сите тајни за „Диво насеље“

Добиваме нови информации за „Диво насеље“. Не исчезнаа сите тајни со загинувањето на дел од водачите на кумановската група Бег Ризај и Мирсад Ндрецај. Не биле само тие двајца што имале контакти со службите за безбедност, вели директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

По однос на „Кумановскиот настан“, морам да го кажам ова, констатирана е неискреност кон Јавното обвинителство, додава тој.

„За мотивите на групата јасно е дека преовладувал политичкиот мотив за ангажирање на припадниците, иако се спомнува и финансискиот момент. Нејасна е причината за контактите на оперативците со водачите на вооружената група, односно недостасуваат информации за нападот во Гошинце и упадот на групата во урбаниот дел на Куманово“, вели Муслиу.

Целото интервју ОВДЕ.

Фото: РСЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Реконструкцијата на убиството не смени ништо“, посочија од Обвинителството во завршните зборови за случајот со убиството на Ангел Петковски 

Редакција

Измените на Законот за субвенциониран студентски оброк ќе се носат по скратена постапка

Редакција

Досега изборниот процес се одвива мирно, какви нарушувања регистрираше МВР

Редакција