еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Акцијата за наплата на долговите за вода на рати без камата, трае уште еден месец

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека акцијата за наплата на долговите на рати без камата е во тек.

„Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, која започна на 17 јуни е со определен временски рок и завршува на 31 јули. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање.

По истекот на овој период, одлуката преставува да важи.

Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите.

Истовремено, повикуваме и на почитување на мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и Владата – задолжително носење на маски, одржување на растојание од 2 метри и дезинфекција на рацете,“ информираат од претпријатието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 11.904 лица од март до мај останале без работа

Редакција

Како да ја добиете: Финансиска поддршка од државата за 745 естрадни уметници погодени од корона кризата 

Редакција

Угостителските услуги поскапи за за 17,4% на годишно ниво

Редакција