еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.08.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

Почнувајќи од 01.07.2020 година Банката ги намали варијабилните каматни стапки на станбените кредити со ЕУР клаузула. Клиентите можат да аплицираат за НЛБ Станбените кредити со фиксна каматна стапка почнувајќи од 3% и варијабилна каматна стапка за остатокот од периодот која е намалена и сега изнесува 4% (4 процентни поени + 6 месечен ЕУРИБОР).

Воедно, по повод 35 годишниот јубилеј на Банката, НЛБ Станбениот кредит е со рок на отплата до 35 години, а НЛБ Потрошувачкиот кредит е со фиксна каматна стапка за првите 35 месеци. Со подолгиот период на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им се овозможува подолгорочно планирање на семејниот буџет, како и стабилност на месечните трошоци за кредити. Дополнително, со подолгиот период на отплата до 35 години кај станбениот кредит, клиентите имаат можност да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.

Сo промотивната понуда и поповолните услови НЛБ Банка сака да им излезе во пресрет на своите клиенти, да застане како нивен сигурен и доверлив партнер и да ги охрабри во донесувањето на некои од најзначајните животни одлуки, а тоа е купувањето на свој сопствен дом, решавањето на потребата од дополнителни финансиски средства, реновирање итн.

Повеќе информации за кредитите клиентите може да добијат на веб страницата www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката,  на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влијателните американски медиуми со одлични рецензии за „Медена земја“

Редакција

Само уште неколку часа ве двојат од луксузно патување во Дубаи, BMW1, iPhone 14 pro, гејминг лаптоп Lenovo

Редакција

„Чудовиштето“ од познатиот бугарски автор Владимир Зарев, нова книга од ИЛИ-ИЛИ

Редакција