еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

32 пациенти со корона вирусот хоспитализирани во Козле, шест се деца

Министерство за здравство соопшти дека има нови 173 заболени лица од корона вирусот, од кои 75 се од Скопје.

„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 8 пациенти,“ се вели во соопштението.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројките и понатаму високи: Нови 173 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 75

Рекорден број на 15 починати пациенти од корона вирусот во едно деноноќие, вкупно до сега 321

Убава вест: Оздравени нови 150 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 2.748

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија има 125 милјардери, 10 се откажале од руско државјанство, објави Форбс

Редакција

Нови 108 случаи на заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје

Редакција

Утре ќе има на располагање уште 100 дополнителни кревети за ковид пациенти на хируршки клиники и педијатрија

Редакција