еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Реалноста за името не ја игнорираме, но македонскиот оган нема да згасне

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Радио Слободна Европа, меѓудругото говори и за името на државата.

На прашањето како ќе ја внесе Македонија, а не Северна Македонија во ЕУ, тој одговара:

„Ние ја користиме вокативната форма од името Македонија, тоа е Македонијо, зошто сакаме да покажеме еден вид на гордост, затоа што нашиот став е поврзан со нашата македонштина, со тоа што сме ние Македонци, коишто се од Македонија е познат и многу пати артикулиран во јавноста и сме го кажале во стотици интервјуа и тука навистина нема што да додадам и што да одземам.

Истовремено сме кажале дека сме било против таа капитулација што ја донесе Зоран Заев потпишувајќи го Преспанскиот договор, но истовремено сме кажале дека ние реалноста нема да ја игнорираме, но истовремено сме кажале дека нема никогаш да дозволиме оганот македонски да згасне се додека постои ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се бориме за Македонците, за Mакедонија и се што е поврзано со придавката македонски.“

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 354 заболени од корона вирусот: Потврдени нови 25 случаи, по седум во Скопје и Куманово

Редакција

Никој не може да даде гаранции дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде последно барање, кажа Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците

Редакција

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид-19 од 2.636 тестирања

Редакција