еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Традиционалната манифестација Галичка свадба се одложува, заради заштита на јавното здравје

Соочени со предизвикот на Ковид-19 и во интерес на заштита на јавното здравје како врвен приоритет, Советот на Месна заедница Галичник донесе одлука да го одложи одржувањето на годинешната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, која традиционално се одржува кон средината на месец јули, за време на верскиот празник Петровден.

„Разговаравме долго, го обезбедивме традиционалното покровителство на Свадбата од Претседателот на државата, се консултиравме со стручни лица од областа и со Комисијата за заразни болести, развивме сеопфатен протокол, но сфативме дека со оглед на моменталната епидемиолошка состојба, манифестацијата „Галичка свадба“ не треба да се одржи на Петровден.

Будно ќе ги следиме состојбите и препораките и се надеваме дека Свадбата ќе ја одржиме наскоро. Прилагодувањето е одлика на умните и истрајните, на тоа нѐ учи и природата. Со одредени прилагодувања на секојдневието, тоа ќе врви, ќе може да ги правиме нештата кои ни го прават животот вреден за живеење, а болеста ќе има малку или никакви шанси да нѐ допре“, информираат од организацискиот тим на Месната заедница Галичник.

Од организацискиот тим на манифестацијата потенцираат дека доколку се создадат сите неопходни услови, годинешната Галичка свадба може да се одржи за време на големиот празник Пресвета Богородица, односно на 28 август.

Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) На Галичник спиев во кола и ја сонував Галичка свадба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дел од учебниците ќе се испорачаат викендов, дел следната недела

Редакција

Синдикалната минимална кошница за јануари, речиси 1.000 евра

Редакција

Отворен Конзулат на Малта во земјава, Кочо Анѓушев именуван за почесен конзул

Редакција