еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска се изјасни за ненадалежна по пријавата од Чулев, отфрли и приговор од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната јавна седница ги отфрли наводите од приговорот и го затвори предметот доставен од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, а во кој се наведува дека ЈП Државни патишта и други државни инситуции односно Зоран Заев и Љупчо Николовски овозможиле партиски предизборен јавен настан за политичка промоција финансирана со буџетски средства, со што е направена повреда на Изборниот законик и Законот за спречување корупција.

Според ВМРО – ДПМНЕ, настанот се случил 21 јуни при увид на изградба на експресен пат Штип-Кочани.

Сепак, ДКСК овој приговор ќе го достави до ДИК затоа што, како што беше речено, таа е надлежна да каже дали одредено дејствие има елементи на изборна кампања пред започнувањето на изборната кампања.

ДКСК се изјасни како ненадлежна и ќе ја достави пријавата до ДИК пристигната од министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев против одлуката на Владата за поништување на решение за разрешување и именување, информира Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Во пријавата Чулев наведува дека донел решение на 22 јуни за именување на Гоце Јанкуловски за началник на СВР Тетово, како 15-то распоредување, а за разрешување на Амир Демети и негово распоредување за дополнителен заменик началник на СВР Тетово.

ДКСК се изјасни за ненадлежна за постапување и предметот ќе го проследи до Државниот управен инспекторат во врска со вонреден инспекциски надзор во Службата за општи и заеднички работи поради сознанија за непочитување на законите и вршење притисок врз вработените по повеќе основи како што се незаконски распоредувања и деградирања на работни места, како и дисциплински постапки и непочитување на правото на вработените за користење годишни одмори.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Службено возило сум користел само за работни обврски во Министерството

Антикорупциска отфрли два, прифати еден приговор поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова за Македонија”

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да се најде соодветен и неселективен начин за еднаков и слободен пристап на медиумските работници до сите настани, велат од АВМУ

Редакција

Сопруга на пациент и ќерка на пациентка помеѓу загинатите во ковид-центарот во Тетово, Обвинителство со детали за истрагата за пожарот

Редакција

(ФOTO) Пожарите во Прилеп оставија пустош

Редакција