еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Меркел: Отворање на првите поглавја од преговорите со Скопје и Тирана оваа година

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги презентираше приоритетите на претседателството на нејзината земја со ЕУ во наредните шест месеци, споменувајќи ги само преговорите со Северна Македонија и Албанија во однос на проширувањето, јави дописничката на МИА од Брисел.

Западниот Балкан, Африка, борбата против дезинформациите, миграцијата, Русија и Кина, се главните приоритети за Германија во делот на надворешната политика за наредните шест месеци.

– Пристапните конференции со Северна Македонија и Албанија треба да се одржат оваа година и да се отворат првите поглавја, рече Ангела Меркел попладнево пред европратениците.

За Меркел отворањето на преговорите со Скопје и Тирана претставуваат важен сигнал за заложбата на ЕУ кон интеграцијата на Западниот Балкан.

Доколку двете земји го одржат досегашното реформско темпо, првите поглавја од преговорите би можеле да бидат отворени во ноември или декември.

Германското претседателство планира оваа тема да биде на дневен ред на Советот на ЕУ во ноември. До тогаш Европската комисија треба исто така да ги објави редовните извештаи за реформскиот напредок во сите земји од регионот.

Европската комисија минатата недела до Советот на ЕУ ги поднесе и нацрт преговарачките рамки на Унијата за Северна Македонија и Албанија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три нови сомнителни случаи тестирани за коронавирус во Скопје, за двајца резултатите негативни, за едниот се очекуваат

Редакција

Не гледам ризик за излез на Македонија од „Отворен Балкан“ во случај на промена на власта, вели Димитров

Редакција

(Фото) Македонскиот пица мајстор Зоран Јовановски се закити со златен медал на меѓународен натпревар во Монголија

Редакција