еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Скопјани од денеска ќе се возат во нови автобуси

Скопјани од денеска ќе се возот со новите еколошки автобуси МАН кои ќе бидат дел од возниот парк на ЈСП, најавија градските власти.

Неодамна скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави дека ќе се набават 21 нископодни автобуси со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со поединечен капацитет од 149 патници.

Новите автобуси се во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволува стандардите за емисија на Euro 6. Овој тип на автобус во Германија ја поседува ознаката „Син ангел“ и е прогласен за екоавтобус за 2016 година во Европа.

Автобусите кои ќе бидат пуштени во сообраќај се со соодветни ознаки за распоред на патниците за седење и стоење во согласност со мерките за почитување на дистанца заради спречување на ширење на корона вирусот.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој ја реконструира Универзална сала, која се запали

Редакција

Преку хуманитарни зони на паркинзите во Штип ќе се собираат пари за ранливи категории и итни случаи

Редакција

Си пазарел на интернет со туѓа картичка

Редакција