еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција ја продолжи забраната за авионско, железничко и копнено поврзување со Македонија до 31 јули

Грција го продолжи до 31 јули 2020 година привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на лица од Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Ограничувањата се „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија за временскиот период од 16 јули 2020 година до 31 јули 2020 година”.

Одлуката потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство, а се однесува на Северна Македонија, на Албанија и на Турција, вчера беше објавена во Службен весник на Грција, а денеска стапува во сила.

Забраната не се однесува на: грчки државјани, на лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, како и за транспорт на стоки, за влез на лица за апсолутно неопходни професионални причини, но и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Виз ер“ од денеска ги суспендира летовите помеѓеу Македонија и Италија до 31 јули

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почетокот на ноември го враќа летото во Македонија: Температури до 30 степени

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за измена и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Редакција

Владата нема да субвенционира земјоделци кои наместо во Македонија, производите ги извезуваат во странство

Редакција