еМагазин
Image default
Локално

Избегал откако со товарно возило полно со мигранти удрил во кабина на „патарината“ Миладиновци

На 17.07.2020 во 07.50 часот на автопатот Куманово – Скопје, на наплатна станица Миладиновци, товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од за сега непознат возач, удрило во бетонски столб на една од кабините, информира МВР.

По незгодата, возачот побегнал од местото,а при преглед во возилото, во товарниот дел биле пронајдени 43 лица мигранти од кои 13 од Бангладеш, 11 од Пакистан, 10 од Сирија, пет од Авганистан и четири од Турција.

Во незгодата, едно лице се здобило со телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје: Ќе се преиспита оправданоста на сумата на одредена група на приватни превозници поради неправилности

Редакција

Основец од Крива Паланка на училиште дошол со нож

Редакција

Ограбена спортска обложувалница во Стајковци

Редакција