еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Град Скопје: Остануваат средства за уште 4 000 барања за субвенции за инвертери

Во текот на изминатите 15 дена поднесени се 1.350 апликации за субвенции за инвертери, а остануваат средства за уште околу 4.000 барања, информираат од Град Скопје.

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

– Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ, информираат од Град Скопје.

Според досегашните бројки, следната зима во Скопје би требало да има околу 1.350 домаќинства кои ќе го сменат начинот на греење, или околу 1.350 потенцијални загадувачи помалку од претходната грејна сезона. Ова, посочуваат од Град Скопје, треба значително да го подобри квалитетот на воздухот затоа што директно ќе влијае во борбата против загадениот воздух.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Такси-превозот во Скопје ќе поскапи

Редакција

До крај на јули треба да се донесе Закон за донирање на вишок храна: 30 проценти од храната се фрла

Редакција

Ќе има ли кратење на платите во јавниот сектор: Што предвидуваат владините мерки за штедење?

Редакција