Економистот и поранешен член на партијата Левица, Бранимир Јовановиќ се огласи по повод најавата на лидерот на партијата, Димитар Апасиев, дека поради тоа што се отфрлени сите 1.982 приговори до Државната изборна комисија (ДИК), ќе следат тужби до Управен суд.
„Ако мислите среде најголемата криза која ја познаваме да блокирате институции и правите циркуси за да добиете внимание, вие не сте за политика, туку за „риалити шоу,“ напиша Јовановиќ на неговиот фејсбук-профил.
Ако мислите среде најголемата криза која ја познаваме да блокирате институции и правите циркуси за да добиете внимание, вие не сте за политика, туку за "риалити шоу".
Posted by Branimir Jovanovic on Понеделник, 20 јули 2020
ДИК, најголемиот дел од приговорите од Левица ги отфрлиле, бидејќи немале потпис и печат.
„ФИЛИБАСТЕРИНГ се прави без печат!“ 😘(Прва јакобинска заповед)p.s. Утре следуваат тужбите до Управен суд. Али, со печат <3#ПаВеНасанкавмеКурињаааа#УрбанаГерила
Posted by Димитар Апасиев on Недела, 19 јули 2020
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица најави тужби до Управен суд, бидејќи ДИК ги отфрли нивните 1.982 приговори
Апасиев: „Левица“ е оштетена за околу 10 илјади гласа, украдени ни се тројца пратеници
„Левица“ влегува во Собранието: Изненадување или очекуван револт кон класното општество
фото: Фејсбук/Јовановиќ