Центарот за јавно здравје Тетово информира дека седум новозаболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие во тетовско.
-Од вкупно седум, четири нови случаи има во населбите во општина Тетово, два случаи во населените места во општина Теарце и еден во Желино, информираше д-р Зорица Зафироска, специјализант по епидемиологија при Центарот за јавно здравје.
Од тетовската полиција информираат дека во тетовско до седум часот утринава не се бележат нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
-Извршени им биле контроли на 590 лица со вакви решенија и не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата, информираат од СВР Тетово.
Во текот на изминатото деноноќие, за неносење заштитни маски на 24 лицa изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
МИА/Фото: Општина Тетово
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три нови случаи на Ковид-19 од нови кластери во Струмица
Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини
Починаа 10 пациенти од Ковид-19, кај 48-годишен вирусот утврден постмортем