еМагазин
Image default
Свет

Германската компанија „Бајонтек“ и американската „Фајзер“ развија вакцини против корона вирусот, кои се ефикасни и безбедни

Германската биотехнолошка компанија „Бајонтек“ и американската фармацевтска компанија „Фајзер“ денеска објавија дополнителни податоци за нивната експериментална вакцина против Ковид-19, според кои вакцината е безбедна за употреба и кај оние што ја примиле предизвикува имунолошки одговор.

Двете компании соопштија дека вакцината доведува до висок степен на одговор на Т-лимфоцитите на вирусот, а новите откритија се резултат на студија во која учествувале 60 здрави доброволци во Германија по раната фаза на тестирање во САД.

Слично како претходно во САД, резултатите од оваа студија покажале дека волонтерите кои примиле две дози од вакцината подоцна развиле антитела во организмот кои го неутрализираат дејството на вирусот.

По објавувањето на новите информации за оваа експериментална вакцина, акциите на „Бајонтек“ во САД забележаа пораст од 12 проценти, додека вредноста на акциите на „Фајзер“ се зголемила за 3,6 проценти.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вакцината што ја развива Оксфорд влева надеж: Организмот создава антитела и бели крвни клетки кои се борат со Ковид-19

Блумберг: Руската елита добила вакцина за Ковид-19 уште во април

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот полицаец Дерек Шовин прогласен за виновен по трите обвиненија за смртта на Џорџ Флојд  

Редакција

Банката на Англија предвидува пад на БДП на Велика Британија од 14%

Редакција

(Видео) Поплава од историски размери урна две брани во САД, илјадници евакуирани во Мичиген

Редакција