еМагазин
Image default
Бизнис

Премините со Грција, Дојрани и Меџитлија ќе бидат затворени од денеска до 4 август

Министерство за внатрешни работи (МВР) информира дека премините со Грција, Меџитлија и Дојрани ќе бидат затворени до 4 август.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Меџитлија“ и „Стар Дојран“ од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Ники“  и „Дојрани“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за Ковид-19, доставено е известување дека ќе бидат затворени за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник).

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“,“ велат од МВР.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Голем протест на транспортери во Скопје: Прогресивен данок наместо поголема акциза

Редакција

На членовите на НО на Македонијатурист лани исплатени 2.2 милиони денари

Редакција

Се чека на формална одлука од грчката Влада за отворање на границата, вели Османи

Редакција