Во последното деноноќие во Дебар регистриран е еден нов случај со Ковид- 19.
Од потврдените први два случаи на 26 февруари до сега вкупната бројка на заразени е 180, од нив шест од Центар Жупа. Оздравени се 59, починаа шест од нив, две лица од Центар Жупа.
Активни на болеста се 115, а од нив десеттина се хоспитализирани на Инфективната клиника и во болницата “8 Септември“ во Скопје.
Од вкупната бројка дури 129 заболени се во втората фаза на болеста, односно од петти јуни до денес, додека 26 од нив се во последните седум дена.
Непочитувањето на мерките за заштита и протоколите од страна на граѓаните и деловните субјекти, според надлежните, се главната причина за ширењето на заразата.
Според полициската статистика во изминатото деноноќие за неносење лична заштита, во Дебар на три лица им се издадени прекршочни платни налози.
МИА/Фото: Општина Дебар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шест нови случаи со Ковид-19 во Кичево
Има и нов кластер: Седум нови случаи со Ковид-19 и седум оздравени во кумановско
Починaa шест нови лица од Ковид-19, пет пациенти од Скопје и еден од Струга