еМагазин
Image default
Свет

Франција ќе бара корона-тест за патници од 16 земји, не и за оние од Македонија

При посетата на аердоромот Роаси, во Париз, францускиот премиер Жан Кастекс најави дека тестовите за коронавирусот ќе бидат задолжителни за сите патници кои доаѓаат од ризичните земји, вкупно шеснаесет, јави дописникот на МИА.

Одлуката за заострување на мерките за влез на француска територија е донесена на последниот Совет за одбрана, што беше посветен на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот, а предизвика засилување на контролите на границите.

Оваа општа мерка за тестирање на патниците при пристигнувањето на аеродромите премиерот Кастсекс ја најави поради тешкотиите да се направат тестови во одредени земји. Оваа мерка се однесува на патниците кои доаѓаат од 16 земји ставени на „црвената листа“, Северна Македнија не е на оваа листа, но тука се соседна Србија, Црна Гора и Турција, меѓу другите.

За француските државјани кои живеат во овие земји и кои исто така имаат главно живеалиште во Франција, исто така, ќе бидат задолжителни тестовите.

Шефот на француската влада, исто така, ги посоветува сограѓаните да не патуваат во Каталонија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Индија 12 дена по ред, повеќе од 300.000 новозаразени

Редакција

Анализа: Богатите земји имаат речиси милијарда дози вакцини вишок, за другите – што ќе остане

Редакција

(Вознемирувачко видео) Граната експлодира покрај луѓе кои чекаат ред во супермаркет во Карков

Редакција