еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Бајден потпиша указ за санкции против Русија по признавањето на Доњецк и Луганск

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа потпиша извршна уредба со која се забрануваат инвестиции, трговија и финансирање, кои би ги извршувале граѓаните на САД со отцепените региони во источна Украина.

– Потпишав извршна уредба за да се спречи Русија да профитира од сериозно кршење на меѓународното право, напиша Бајден на Твитер.

Тој изјави дека САД ги продолжуваат консултациите со сојузниците, партнерите и со Украина за следните чекори.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки вчера најави дека Бајден ќе потпише декрет со кој „ќе се забрани какви било нови американски инвестиции, размена или финансирање“ во проруските области Доњецк и Луганск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ескалацијата на состојбата во Укрина ќе удри и по македонскиот џеб

Кина загрижена поради ескалацијата на ситуацијата во Украина

МИА/Фото: Бајден/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Загреб уапсен, па ослободен разузнавачот Горан Грујевски

Редакција

„Макпетрол пром-гас“ го доби тендерот на Градската општа болница „8-ми Септември“ за набавка на гас вреден 348.000 евра

Редакција

(Фото) „Не лажете со години“: Село во БиХ им забрани на политичарите да агитираат во него за престојните избори

Редакција