еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата во болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

“Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 4 позитивни деца и 10 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 137 оздравени пациенти од Ковид-19, дури 108 од Скопје

Вкупно 466: Починаа нови 6 пациенти од Ковид-19, четворица од Скопје

Нови 128 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Вечерњи лист“: Бугарија го користи членството во ЕУ за негирање на македонскиот идентитет

Редакција

Во рамката ќе стои македонски јазик и тој станува официјален во ЕУ, тврди Османи

Редакција

Владата да го врати буџетот на МИА, дописништвата од светот да продожат со работа, бараат од Синдикатот на Агенцијата

Редакција