еМагазин
Image default
Македонија

Штип со 29 новозаразени и ниту еден оздравен од Ковид-19

Штип и денеска е втора општина по бројот на новозаразени со коронавирусот во здравствениот билтен. Потврдени се 29 нови случаи, со што бројката на активни во градот на текстилната индустрија се искачи на 409. Епидемиолозите не очекуваат наредните денови да се намалува бројката, бидејќи денеска имале голема гужва на пунктот.

„Нашиот тим само денеска зема вкупно 100 брисеви, дел се нови, но имаме и контролни. Се земаат брисеви од суспектни случаи, на пример ако жената е болна се појавуваат симптоми кај сопругот и го тестираме.

Најголем дел од случаите денеска се со упат преку матичен лекар“, вели Марија Димитрова директор на Центар за јавно здравје-Штип.

Во штипскиот регион денеска нема регистрирани оздравени пациенти од Ковид-19. Епидемиолозите бараат од граѓаните да ги почитуваат мерките, кои се само три основни правила да не се шири вирусот, а тоа е носење маски, држење дистанца и често миење на рацете.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на состојбата во болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Чаир, Аеродром и Гази Баба со најмногу активни случаи на Ковид-19

Вкупно 466: Починаа нови 6 пациенти од Ковид-19, четворица од Скопје

Нови 128 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И во Дебар се оди на плажа, препораките за заштита не се почитуваат

Редакција

Основците од утре без маски во училиштата

Редакција

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Редакција