еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Основците од утре без маски во училиштата

Владата на денешната седница донесе одлука да го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за олеснување на дел од ковид мерките што важеа за учениците во основните училишта, соопшти Министерството за образование и наука.

– Основците ќе можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска.

Одлуката стапува на сила од утре и важи сé до доставување на евентуален нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести, се додава во соопштението.

Сепак, оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму да носат заштитна за време на престојот во училишниот објект.

Министерството за образование и наука апелира на доследно почитување на сите останати мерки за справување со пандемијата кои се на сила и на одговорно однесување не само во училиштата, туку и надвор од нив, со цел непречено продолжување на наставата со физичко присуство како опција која е од најдобар интерес за учениците.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци, два во Неготино

Редакција

Што пишува во едностраната изјава на Македонија за македонскиот јазик

Редакција

Дизелот певтинува за 2,5, а бензините за половина денар

Редакција