еМагазин
Image default
Македонија

Заедничката историска Комисија со Бугарија ќе заседава в четврток и петок, ќе се разгледуваат забелешките за средновековието

Мешовитата комисија за историски и образовни прашања ќе се состане в четврток и петок, а на дневен ред се забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, изјави за МИА копретседавач од македонска страна во заедничката македонско-бугарската Комисија, Драги Ѓоргиев.

Тој додаде дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите.

Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев за МИА вели дека тоа ќе се отвори на претстојните разговори доколу остане време.

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера изјави дека од бугарскиот дел до Историската комисија добил известување оти е постигнат напредок за важни историски личности во разговорите со Скопје и за надминување на разликите.

– Комисијата за историја ме извести за некои важни историски личности и нивниот третман. Ќе ви дадам некои детали. Дојдовме до напредок по тие прашања, на многу конструктивен и реалистичен начин којшто ни отвора можност за забрзување на нашите преговори.

Секако ќе ми треба прво да добијам јас и моите коалициски партнери целосен извештај од Комисијата, но штом добиеме извештај тоа ќе оди многу брзо, рече Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петков: Историската комисија дојде до напредок за важни историски личности, оптимист сум за целиот процес

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 676 болни од Ковид-19

Редакција

Владата го прогласи 7 мај за неработен ден на територијата на Град Скопје

Редакција

534 полицајци ангажирани во последното деноноќие за пожарите

Редакција