еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Нема знаци дека Ковид-19 е сезонска болест

Веројатно годишните времиња не влијаат врз развојот на пандемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), предупредувајќи дека е погрешно верувањето оти во летен период сме позаштитени.

– Годишните времиња не влијаат врз пренесувањето на вирусот, од кој починаа над 650.000 луѓе во светот и заразени се повеќе од 16 милиони, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на онлајн брифингот.

Како пример, таа наведе дека во една од најпогодените земји во светот од Ковид-19, САД, сега е лето, а во втората најпогодена Бразил е зима.

– Постои верување дека вирусот е сезонски, но мора да запаметиме дека станува збор за нов вирус, кој иако е респираторен, кои историски се сезонски, овој се однесува поинаку, нагласи Харис.

Таа истакна дека комбинацијата на вирусот на грип, кој е сезонски и преовладува во зима, и новиот коронавирус е загрижувачка и може да го зголеми притисокот врз здравствените системи.

– Им препорачуваме на сите да се вакцинираат против грип, советува Харис.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште девет лица од Ковид-19, меѓу нив и 36-годишен скопјанец

Редакција

(Видео) Мукаетов дел од регионалниот Форум на менаџери: Нѐ очекува исклучително тежок период, кризата неминовно ќе се одрази врз работењето на компаниите

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Бирото за регионален развој за набавка на џип

Редакција