еМагазин
Image default
Македонија

Штип нема да биде ставен во карантин и покрај двоцифрените бројки на заразени со корона вирусот

Штип нема да биде ставен во карантин и покрај секојдневните двоцифрените бројки на заразени. За тоа не е ниту разговарано на Комисијата за заразни болести, истакнаа на денешната прес-конференција државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

– Не размислуваме во овој момент за карантин и не гледаме причина. Карантинот не се одредува според горната граница на заразени пациенти. Карантинот се одредува спрема ризикот од внатрешна трансмисија на ширењето на вирусот, бидејќи досега концентрацијата беше строго одреден кластер или институција, а немавме широка распространетост, не гледаме причина за карантин, рече Милошев.

Тој истакна дека ќе се зајакнува кадарот на Инфективното одделение во Штип и на Центарот за јавно здравје-Штип.

– На Центарот за јавно здравје-Штип  на располагање им е епидемиолог од Кочани, а на Инфективното одделение од утре на располагање ќе имаат двајца интернисти од Скопје, а исто така и еден инфектолог од Општа болница Струмица.

За секоја следна потреба, што ќе ја има Клиничка болница-Штип со оглед на големиот број на хоспитализирани пациенти, ќе направам напор да го обезбедам потребниот кадар за соодветен третман на хоспитализираните пациенти, вели Милошев.

Се надева дека бројката нема да ескалира. Во тек се и активностите за 16 мобилни болници низ земјава, а во нив ќе се обезбедат и апарати, машини за тестирање со цел тестовите од градовите во внатрешноста да не се испраќаат во Скопје на анализа.

На денешниот Општински кризен штаб донесени се заклучоци, меѓу кои добро познатите мерки за заштита од заразата, како што се држење на дистанца, носење на маски, миење на раце, но и препорака да се избегнуваат поголеми собири во затворен простор.

-Сите заразени граѓани да ги почитуваат мерките за изолација и даваат точни информации во анкетните листови со пријавување на сите контакти. Препорака до приватниот сектор е да го искористат годишниот одмор, посебно таму каде има заразени вработени.

Задолжително треба да продолжи да функционира Ковид координатор во сите сектори каде има поголема концентрација на луѓе. Сите надлежни институции продолжуваат во најтесна комуникација на централно и локално ниво со примена на сите мерки за заштита на граѓаните.

Апелираме до сите сограѓани да ги почитуваат мерките и препораките, затоа што само заеднички можеме да го зачуваме колективното здравје и да излеземе како победници од оваа битка, рече Бочварски.

Се препорачува штипските конфекции кои ги има околу 70, а во нив се вработени над 7.000 граѓани е да ги дадат годишните одмори во моментов, но како што вели Бочварски, и тоа нема да влијае многу доколку граѓаните продолжат со собирите и дружењето надвор од работното време.

Во Штип денеска 690 луѓе се во изолација, додека на Инфективното одделение се лекуваат 47 пациенти, од кои 33 се од Штип, а останатите од другите градови.

Досега СВР-Штип има поднесено 41 кривична пријава за непочитување на мерките.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше близу 230 активни случаи на Ковид-19

Новите заразени со Ковид-19 во Кавадарци се на возраст од 16 до 31 година

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини: Аеродром „ита“ кон Чаир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Слушнав дека Груевски треба да се јави во затвор, разочарани сме

Редакција

Нови 1.168 случаи на Ковид-19 од 3.353 тестирања

Редакција

Една година по првиот случај со Ковид-19 во Македонија: Пандемијата повторно се разгорува

Редакција