Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 26 јули покажуваат дека 30,1% од заболените со Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања.
“Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=10.064; 98,5%), кај 3.029 (30,1%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 2.089 лица имаат кардиоваскуларна болест, 864 дијабет, 415 се со хронична белодробна болест и 537 со други хронични болести.
Од хоспитализираните случаи, кај 1.239 (59,0%) се присутни коморбидитети“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРАЗНИ ВЕСТИ
46,3% од заболените со Ковид-19 во Македонија рекле дека имале контакт со потврден случај
Вкупно 671 здравствени работници заболеле со Ковид-19, оздравеле 496
Вкупно 203 импортирани случаи на Ковид-19, последниот е од пред неколку дена