еМагазин
Image default
Македонија

Митко Јанчев најавува преземање на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој пред извесно време беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Фокус, најавува преземање на партијата.

“ВМРО – ДПМНЕ ќе дочека подобри денови, кои всушност ги чека одамна. Оваа ситуација не може да биде вечна. На луѓето веќе им е смачено од сите притисоци и тапкањето во место.

Потребна е целосна промена, со демократски ставови, со различни мислења, со различни совети од сето тоа на крај да умееме да го извлечеме најдоброто.

Едноумието не не води кон успех, премногу субјективно размислување не носи чекор назад. Кога Митко Јанчев ќе го преземе ВМРО – ДПМНЕ, секојдневното функционирање на партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец, а тоа значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој еден граѓанин во нашата земја„, вели тој.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oд корона вирусот почина првиот здравствен работник во Македонија

Редакција

Српски медиуми: Македонија гласала за прием на Косово во Интерпол

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ поднесоа интерпелација за работата на Џафери

Редакција