На својот Фејсбук профил, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска советува какви маски треба да носиме за да се заштитиме од Ковид-19.
“Избегнувајте маски со вентил!
Низ вентилот, кога издишуваме, во млаз се исфрлаат ситните капки коишто го содржат вирусот!
Носете платнени маски (најдобро трослојни) за да се заштитите себеси и сите околу вас од #COVID19.
Носете медицински маски ако имате: #COVID19, се грижите за лица болни од #COVID19, имате над 60 години, или хронично заболување.
Да останеме безбедни и да се заштитиме од #COVID19.
Чувајте се!“, пишува таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по туристичките дестинации низ Македонија
Скопје, Тетово, Штип и Куманово се во 4 фаза: Проценка за понатамошно ширење на Ковид-19
Штип и Свети Николе со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители
Фото: Фејсбук/Ѓорѓиевска