еМагазин
Image default
Македонија

10 нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко, осум во Кавадарци и двајца во Неготино

Десет нови случаи на коронавирусот се регистрирани во Тиквешко, осум во Кавадарци и двајца во Неготино, за МИА денеска потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Новозаболените се на возраст од 17 до 63 години, повеќето од женски пол.

Некои од нив претходно биле во контакт со позитивен на Ковид-19, а некои не знаеле од каде го добиле вирусот.

Сите се со полесна клиничка слика, не се знае само за една личност, која е евидентирана како позитивна, а засега не одговарала на телефонските повици.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на МАНУ, Коцарев: Пикот на корона вирусот на почеток на мај со 1.100 заразени

Редакција

Граѓани покренаа петиција против забраната за движење во шума

Редакција

Одобрено обвинението за „Поштенска банка“

Редакција