еМагазин
Image default
Македонија

Амбасадата на САД ја поздрави пресудата за експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски

Амбасадата на САД во Северна Македонија ја поздрави денеска пресудата за поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски.

„Пресудата од страна на Велешкиот суд, со која поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје Владимир Панчевски е осуден на 3,5 години затвор за злоупотреба на АКМИС системот, е позитивен чекор во барање одговорност за оние кои се обвинети за поткопување на независноста на судството“, објави Амбасадата на САД.

Поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, синоќа од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор. Судијката Валентина Георгиевска, пресудата ја донесе синоќа по завршување на рочиштето што траше повеќе од десет часа.

МИА/Фото: Фејсбук/Панчевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нимиц ја повика Грција да го ратификува Договорот од Преспа

Редакција

16 лица го прекршиле полицискиот час, 449 казни за неносење маска

Редакција

Тројца загинати откако се преврте автобус со македонски регистерски таблички близу Лековац

Редакција