еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС синоќа од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор.

Судијката Валентина Георгиевска, пресудата ја донесе по завршување на рочиштето кое траше повеќе од десет часа. На обвинетиот Панчевски, во казната ќе му се пресметува и времето поминато во притвор.

Решението целосно со образложение ќе му биде доставено во затворот во Идризово. Таа соопшти дека притворот на Панчевски му се укинува со донесување на оваа пресуда.

Обвинетиот Владимир Панчевски во завршниот збор кажа дека јавниот обвинител не бил запознат со целата материја со која го води предметот, бидејќи имало грешка на АКМИС, а јавниот обвинител не го видел тоа.

Воедно тој во својот завршен збор истакна дека ова обвинение е политички опструирано и лицемерно, бидејќи се поведува една година по завршување на неговиот мандат во Основниот суд Скопје 1, односно тие го обвинувале дека само тој повредувал права, а не и судиите кои суделе.

Обвинетиот Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товараше дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се  изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите.

МИА/Фото: Академик

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владимир Панчевски не се произнесе по обвинението, неговиот адвокат бара изземање на велешкиот Суд

Одбраната на Владимир Панчевски побара укинување на притворот

Распишана потерница за Владимир Панчевски, се проверува дали ја напуштил државата

Судскиот совет го разреши судијата Владимир Панчевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе мажи, најчесто со кардиоваскуларна болест: Детали за починатите од Ковид-19 во Македонија

Редакција

Изминатото деноноќие 107 граѓани не го почитувале полицискиот час, приведени 35 лица

Редакција

Вработените во ЈСП добија плати, градскиот сообраќај функционира нормално

Редакција