еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Распишана потерница за Владимир Панчевски, се проверува дали ја напуштил државата

По одлуката на Судот во Велес за притвор за поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, кој е обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, скопската полиција во три наврати не го пронашла обвинетиот на неговата адреса, соопшти денеска техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објаснувајќи дека за ова ситуација е информиран и СВР Велес.

– За наведенето лице е распишана потерница. Моментно се вршат и оперативни проверки за да се утврди дали лицето официјално ја напуштило државата, изјави Чулев на прес-конференција.

Судот во Велес во петокот му одреди притвор на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, заради неприсуство на рочиште за предметот АКМИС. На ова рочиште, исто така, не бил присутен ниту неговиот бранител.

МИА/Фото: Академик

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР трага по Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, кој доби 30 дена притвор

30 дена притвор за поранешниот претседател на Кривичен, Владмир Панчевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пожарите на грчките острови Родос, Крф и Евија се уште се вон контрола

Редакција

Нивите кои го снабдуваат Скопје со земјоделски производи може да бидат загадени ако се изгради фабриката во Гази Баба за која граѓаните стравуваат

Редакција

Приватните превозници подготвени да вршат превоз кога ќе им биде платен долгот

Редакција